МВР: Не е точно дека е уапсен братот на Ел Чека

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите кои утрово се појавија во медиумите дека е приведен братот на Ел Чека, Блерим Ахмети.

Извори на Press24 од МВР велат дека станува збор за неточна информација но не откриваат повеќе детали.

Македонските медиуми утрово објавија дека Блерим Ахмети бил приведен од полицијата и дека се сомничи за 3 кривични меѓу кои и такви сторени пред десетина – дваесет години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2019 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега