Тетовчанец со воздушна пушка пукал кон малолетници пред зграда - момче однесено во болница

 

Вчера во СВР Тетово бил приведен 76-годишниот С.К. откако претходно е добиена пријава дека тој на 26.06.2019 околу 22 часот од балкон на зграда на ул.„Железничка“ во Тетово од воздушна пушка испукал кон малолетници кои биле пред зградата. Притоа, погодил еден малолетник кој се здобил со телесни повреди, по што би пренесен во Клиничката болница во Тетово.

Според С.К., делото го сторил поради вревата што ја правеле малолетниците пред зградата. Известен е Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2019 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега