Гостиварка направила фотографии и видео снимки од 65-годишно лице и потоа го уценувала

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 34-годишната З.Р. од село Ростуше поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“ и против 37-годишната Б.Ц. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично „уцена“.

Во текот на јуни 2019 година првопријавената со телефонот на второпријавената направила фотографии и видео снимки од 65-годишно лице од Дебар со компромитирачка содржина. По ова, таа му се заканувала дека, доколку не и даде пари, фотографиите и снимките ќе ги испратела до членовите на неговото семејство. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2019 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега