Почина писателката Тамара Арсовска

По кусо боледување, на 86-годишна возраст, утрово почина Тамара Арсовска, член на Друштвото на писатели на Македонија од 2004 година.

Таа е автор на повеќе книжевно-публицистички книги, и тоа: „Запаметено време“ (1992), „Блиски средби“ (1992), „Отаде минливоста“ (1994), „Волшебници на зборот“ (1995), „Чекор во третиот милениум“ (1999), „Влезница за иднината“ (2008), „Најубавите писма на великаните“ (2009), „Писателите за себе“ (2010), „Од дневникот на нашите години“ (2011), „Творците и нивното време“ (интервјуа, 2012), „Летописни помненија“ (2014), „Сите наши години“ (интервјуа, 2017). Арсовска ги подготвила и антологиските избори: „Илинденски раскази“ (1978); „Поезија на Револуцијата“ (1985), „Весела книга“ (1996), „Во светот на сказните“ (2006).

Посмртните останки ќе бидат изложени утре (28.06.2019) во периодот од 9 до 10 часот, во Капелата на градските гробишта Бутел во Скопје, по што ќе биде извршен погребот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2019 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега