Прегазен маж во Скопје - го оставил на улица и избегал

 

Маж се здобил со тешки повреди откако бил прегазен од мопед во Скопје, информира МВР. Вчера во 07:45 часот на ул.„Коце Металец“ во Скопје, патничко возило удрило во мопед „Јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 37-годишниот Ц.С. од Скопје и го напуштил местото.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Ц.С. и му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.06.2019 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега