Пожарот во центарот на Скопје најверојатно бил подметнат

Доцна попладнево, пожар зафати напуштен поранешен ресторан, во центарот на Скопје, на улицата „Максим Горки“, во близина на Соборниот храм.

„ТВ 24.мк“ пренесува дека противпожарните екипи реагирале веднаш, како што појаснија и очевидци од околните згради, а еден од 13-мина пожарникари кои го гаснеа пожарот се здобил со мала, незначителна повреда од ќерамидите на кровот на објектот.

Според мислењето на командирот на противпожарната бригада, пожарот најверојатно бил подметнат, но, истрагата ќе ги посочи официјалните причини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.06.2019 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега