Голф излета од патот - Тројца тешко повредени

 

Во 08 часот на регионален пат село Волковија-Тетово, 32-годишниот Р.А. од село Гургурница, управувајќи патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Р. и била пренесена во болницата во Тетово каде и била укажана помош.

Сопатниците И.А. и Х.А. се здобиле со телесни повреди и на нив им била укажана помош во болницата во Тетово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2019 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега