Две возила се искршија кај Маврово - Има повредени

 

Околу 09.00 часот на регионален пат Мавровска крстосница–Дебар, пред општина Маврово и Ростуше, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 63-годишниот А.В. од село Маврови Анови и патничко возило „Алфа Ромео“ со албански регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Т.Е. од Република Албанија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците И.Т. и З.Г. од возилото „Алфа ромео“ и биле пренесени во Медицински центар во Гостивар.

Со телесни повреди се здобила сопатничката Е.К. од истото возило.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2019 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега