Полицијата извршила претрес во неговиот дом - уапсен скопски дилер

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривичнa пријавa против 47-годишниот С.К. од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информира МВР.

„На 02.07.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот на улица „Јајце“ во Скопје.

С.К. е приведен и задржан во Полициската станица Бит Пазар. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, мешавина од земја и хероин, мешавина од парацетамол и кофеин и дигитална вага со остатоци од хероин“, соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2019 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега