„Летаа“ казни: Полиција изврши контрола на возила во Штип, Ботола и Велес

Во текот на вчерашниот ден македонската полиција вршела исправност на возила и контрола на движење во Штип, Велес и Битола.

Вчера во периодот од 08.00 до 14.00 часот полициски службеници од СВР Велес извршија контрола на техничка исправност на возилата, при што се изречени 30 казни за неисправни уреди за сопирање, неисправни составни делови, измината важност на сообраќајна дозвола и неносење сообраќајна дозвола и нерегистрирани возила. Од вкупниот број на казни, девет се изречени во Велес, 11 во Кавадарци и 10 во Неготино. 

Исто така во периодот од 08.00 до 13.00 часот СВР Штип спроведе акциска контрола на техничка исправност на возилата. Притоа, утврдено е дека 14 возила биле технички неисправни - неисправни уреди за сопирање, неисправни составни делови, измината важност на сообраќајната дозвола, нерегистрирани возила и неносење на сообраќајна дозвола. За овие прекршоци изречени се соодветни казни.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 03 јули извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 341 возачи, од кои 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле девет возила, брзината ја надминале девет возачи, на мобилен телефон разговарале четири возачи, а двајца не користеле сигурносен појас.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2019 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега