Македонската полиција го фати: Маж пазарел со фалц пари

Во 10.40 часот синоќа во Полициската станица Пробиштип, вработен во маркет пријавил дека непознат сторител платил артикли во маркетот со банкнота која била фалсификувана.

По преземени мерки, во врска со настанот, во Полициската станица Пробиштип бил приведен 56-годишниот С.Т. од Свети Николе.

Кај него биле пронајдени и одземени две банкноти кои биле дадени на вештачење.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2019 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега