Во недела миса во Католичка црква за Пино, погребот ќе биде во Италија

Во недела, 07-ми јули во 18 часот во Католичката црква Капиштец ќе се одржи служба за момчето Пино кое беше убиено.

Неговата мајка Маја ги поканува сите кои сакаат да се помолат за нејзиното дете.

-Ги поканувам тие кои сакаат да се помолат за моето синче, да дојдете и заедно да се молиме за мојот Пино, напиша мајката.

По мисата, мајката на Пино ќе му подготви последно “збогум“ во Италија каде ќе биде испратен од своето блиско семејство и пријателите до неговиот вечен дом.

Поради крвничкото злосторство, од телото на Пино се останати само четири коски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2019 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега