Моторциклист удрил во велосипедист, па побегнал- едно лице повредено

Вчера во 7 часот и 50 минути на крстосница од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груев“, мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 24- годишниот  Ј.Ч од село Љубанци, скопско, удрил во велосипед управуван од О.И.(45) од Скопје.

По незгодата мотоциклистот го напуштил местото. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил О.И. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2019 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега