Мотор се заби во автомобил во Скопје - Има повредени

Во 13.00 часот на крстосница од улиците „Втора Македонска бригада“ и „Боро Менков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 34-годишниот Г.Л. од Скопје и патничко возило „Цитроен Ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот А.Ј. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Г.Л. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2019 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега