Телевизор запали куќа во Македонија

Во текот на вчерашниот ден, дефект на телевизор предизвикал пожар во селото Дорфулија, Лозово, во сопственост на 61-годишен жител.

Во 14.35 часот било пријавено дека во село Дорфулија, општина Лозово, во куќа сопственост на М.Ј. од Пробиштип поради дефект на телевизор настанал пожар.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Свети Николе.

Повредени лица нема.

Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2019 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега