Македонската полиција приведе четири лица

Во 22.30 часот на улицa „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, врз основа на судска наредба, полициски службеници го привеле 28-годишниот Е.А. од Тетово за издржување на казна затвор. Тој бил предаден во Казнено-поправната устаница - Затвор Идризово Скопје за издржување на затворската казна.

Во 16.00 часот во село Неготино, врз основа на судска наредба, полициски службеници го привеле лицето Ф.С.(47) од село Неготино за издржување на казна затвор. Тој бил предаден во Казнено-поправната установа Тетово за издржување на затворската казна.

Во 23.00 часот во Тетово на улица ,,Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од слобода ги лишиле А.А. (28)  и Б. А. (21) и двајцата од село Голема Речица. При преглед кај нив  била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица Тетово за понатамошна постапка.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Т.К.(28) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 14.03.2019 година на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај место викано „Кантонче“, полициски службеници при преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, во кое како сопатник бил еден малолетник, пронашле и одзеле марихуана. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2019 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега