Трагедија во Македонија: Маж почина од струен удар

 

Маж почина од струен удар во кичевско, информира МВР. Вчера во 12:15 часот во Полициската станица Кичево, од Здравствен дом Кичево било пријавено дека бил донесен починат 51-годишниот Р.Т. од село Мамудовци, кичевско. Лекар констатирал смрт како последица од струен удар. Според пријавеното, Р.Т. настрадал при изведување на градежни работи. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2019 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега