Нови детали: Девојка тешко повредена во несреќата на Галичица

Во незгода што се случи попладнево околу 15 часот на планината Галичица, тешко повредена е парагладеристка од Украина која загубила контрола додека летала и паднала во близина на Mакедонско-албанската граница.

Во моментот кога украинската параглајдеристка го изведувала летот, зад неа летал уште еден параглајдерист. При тоа  на девојката и  се случилл колапс на крило, поради што дошло до неконтролирано движење на нејзиното летало во правец на Албанија. Таа отворила помошен падобран, но јачината на ветерот, придонела за пад при што била носена од ветрот низ падина околу 200 метри, јавува Охридњуз.

Неофицијално имала повреди на 'рбетот и екстремитетите но не е во животна опасност. Параглајдеристите биле туристи. Тие самоиницијативно, без соодветна логистика, се упатиле во опасна авантура, во услови на неповолен и силен ветар, на што биле предупредени од искусни македонски летачи, кои од тие причини ги откажале своите летови и се симнале од Галичица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2019 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега