Сокрил 27 мигранти и тргнал на пат - Македонската полиција го фати

Вчера во 18.20 часот на клучката Марвинци полициска патрола запрела товарно возило со кумановски таблички управувано од 31-годишниот Р.Д. од Велес.

При преглед на товарното возило полициските службеници откриле 27 мигранти.

Возачот е уапсен под сомнение дека извршил кривично дело криумчарење на мигранти и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додека мигрантите се предадени во Прифатниот центар во Гевгелија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега