Тешка сообраќајка на булевар „Србија“: Пет лица повредени

Вчера во 08 часот и 40 минути на крстосница од булевар „Србија“ и булевар„3-та Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода.

Имено несреќата се случила помеѓу товарно возило „Фолксваген Транспортер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(26) од село Студеничани, скопско и патничко возило „Ауди А6“ со тетовски реистарски ознаки, управувано од С.З.(35) од Тетово, со привремено живеалиште во Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.А.(26) од Скопје, сопатник во товарното возило и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Додека возачот на товарното возило и уште тројца сопатници се здобиле со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега