Катица дојде да сведочи за „Рекет" со адвокат

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска дојде во Обвинителството да даде исказ пред Вилма Рускоска за Рекет, но со адвокатот Стеван Павлески.

Павлески е адвокат и на бизнисменот Цветан Панделески кој заедно со Орце Камчев е осомничен во случајот „Империја“.

Нејзиниот глас се слушна во снимките на Ла Верита, каде му вели на Орце камчев дека се ќе биде добро. По снимките се бранеше дека го викала да биде сведок во предпостапка.

Досега во Обвинителството искази дадоа специјалните обвинители Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми, а вчера на распит во ООК беше донесен второосмничениот Зоран Милески – Кичеец, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека инволвираните во случајот „Рекет“ ќе бидат неселективно сослушани или распитани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега