Тешка сообраќајка во Македонија: Маж итно пренесен во болница

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајка во Македонски Брод откако автомобил удрил во него.

Во 16.40 часот вчера на регионалниот пат Кичево - Македонски Брод се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А6“, со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од 55-годишниот М.Ф. од Кичево и велосипед управуван од 73-годишниот С.Л. од Кичево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега