Хорор во Струмица: Искасапен коњ фрлен во канализација

Делови од искасапен коњ фрлени во канализациската мрежа, ја запреа работата на Пречистителната станица во Струмица, соопшти струмичкото ЈПКД „Комуналец“.

Остатоците од коњот, кои биле фрлени во шахта од канализациската мрежа, биле пронајдени на влезната груба решетка на станицата.

 

– Во Пречистителната станица за отпадни води се случи несекојдневна ситуација која ни предизвика огромни проблеми, материјални трошоци и краток застој во работата. Некој намерно и неодговорно го отворил капакот на канализациската шахта, го исксапил животното и остатоците ги фрлил во канализацискиот систем. Дефектот се санира, а Пречистителната  станица за отпадни води покрај сите проблеми нормално ја извршува својата функција, информираат од струмички „Комуналец“.

Настанот е пријавен кај комуналниот инспектор на Општина Струмица, а од комуналното претпријатие апелираат до граѓаните за совесно и поодговорно однесување, посебно во делот на користење на канализационата мрежа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега