Му течело крв од главата и устата - Момче попладнево брутално нападнато во Карпош

Во општина Карпош денеска во попладневните часови момче било нокаутирано среде улица од засега непознат насилник кој веднаш го напуштил местото на настанот.

Настанот се случил во близина на основното училиште „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош, каде младо момче чиј идентитет е непознат било брутално нападнато, а според очевидците се наоѓало во многу критична состојба и се очекува да биде префрлено во болница,  пишува Слободен печат.

– Момчето се шеташе со девојка и одеднаш падна на земјата. Крупен дечко со сив елек и црна коса силно го удри момчето, кое веднаш падна на земја. Му течеше крв од главата и устатата, изјавиле очевидци за порталот.

Засега се очекуваат повеќе детали.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2019 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега