Се сруши тераса во Скопје - Повредени три дечиња, едно потешко

Татко и три малолетни деца од Скопје се здобиле со повреди, додека едното од нив со тешки повреди и итно биле пренесени во болница откако се срушила терасата на која седеле.

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во 18:22 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“  било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 23-годишниот Е.К. од Скопје и неговите три деца на возраст од шест, три и две години.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека сите четворица се повредиле откако се срушила терасата на која седеле. Кај тригодишното дете биле констатирани тешки телесни повреди, додека останатите три лица се здобиле со телесни повреди.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2019 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега