Детали за нападнатото момче во скопски Карпош

Нападнатото момче попладнево во скопски Карпош имало 19 години. Слободен печат јавува дека се работи за 19-годишниот Ф.В. кој брутално бил нападнат.

– Околу 17.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Шекспирова“ во Скопје, Ф.В. бил физички нападнат од страна на едно лице со тврд предмет. Ф.В. е пренесен во Ургентиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид направи екипа од СВР Скопје, велат од МВР за порталот.

Инцидентот се случил во близина на Машинскиот факултетот во Скопје, во близина на основното училиште „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош.

-  Пациентот е во тешка здравствена состојба со сериозни повреди на глава и е однесен во ургентниот центар, велат од Брзата помош за Слободен печат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2019 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега