ВИДЕО: „Колку полицајци се потребни за да приведат еден човек“ - маж уапсен во Скопје

Скопјанец објави видео на Фејсбук  на кое може да се види како припадници на Министерството за внатрешни работи приведуваат еден човек.

На снимката се гледа како три автомобили на сообраќајната полиција го имаат попречено патот на еден автомобил, по што возачот на автомобилот во следните неколку минути практично се бори со полицијата за да не биде уапсен.

„Колку полицајци се потребни да приведат еден човек?“, стои во описот на снимката која е објавена на социјалната мрежа Фејсбук. Од тоа што може да се види на видеото, дури три екипи на сообраќајци едвај успеаа да го смират возачот, а во меѓувреме пристигна и четврто полициско возило.

Видеото е снимено во понеделникот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2019 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега