Несреќа на патот Слупчане-Ваксинце: Изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако доживеал несреќа со мопед, информира МВР.

„Вчера во 15:30 часот на локалниот пат село Слупчане-село Ваксинце, кај место викано „Чешмиче“, општина Липково, 58-годишниот Х.Б. од Прешево, Република Србија, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата Х.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово“, соопштуваат од МВР. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2019 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега