Приведен стружанец: Направил прекршок, па се обидел да ги поткупи полицајците

Во текот на вчерашниот ден, на патот Битола- Ресен бил уапсен стружанец поради давање поткуп.

„На 03.10.2019 околу 16.50 часот во СВР Битола бил приведен Ф.М.(45) од село Долно Тапеши, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“’. Истиот ден на патот Битола - Ресен, на место викано „Катинска крстосница“, полициски службеници од СВР Битола, поради сторен сообраќаен прекршок, запреле товарно возило со струшки регситарски ознаки, управувано од Ф.М., кој се обидел да им даде поткуп на полициските службеници“ се вели во соопштение од полицијата.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2019 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега