Македонски државјанин уапсен во Италија поради обид за убиство на Мароканец

23-годишен македонски државјанин М.Х, е уапсен во северниот италијански град Леко поради тоа што на 29 септември во вечерните часови  пукал кон државјанин на Мароко, пишува „Леко-ФМ“. 

Според првите информации, причината за пукањето најверојатно била трговија со дрога.

Хетемо го ранил во раката Мароканецот кој успеал да стигне до полициска станица и да го пријави случајот.

Јавниот обвинител на Леко му одреди притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2019 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега