Скопјанец приведен на граничниот премин „Деве Баир“

Жител на скопското село Студеничани е приведен на граничниот премин „Деве Баир“, откако контролата утврдила дека серискиот број на возилото коешто го управувал е фалсификуван.

 

„На 03.10.2019 во 12.50 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од слобода бил лишен Ќ.С.(58) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што било констатирано дека серискиот број на патничкото моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, кое го упрaвувал Ќ.С. бил фалсификуван. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка“, соопштуваат од МВР..

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2019 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега