Несекојдневна несреќа во Скопје: Полициско возило се „искрши" со Форд

Две лица  се повредени во тешка и несекојдневна несреќа во Скопје, кога се судриле „шкода јети“, сопственост на МВР и возило форд транзит.

Во 19.30 часот на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од В.С. и патничко возило „форд транзит“, со светиниколски регистарски таблички, управувано од 39-годишниот Д.М. од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот В.С. и сопатникот од истото возило З.П. и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид не местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2019 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега