Детенце се бори за живот откако се сруши балкон во Скопје - Лекарите даваат се од себе

Тригодишно дете е во критична состојба откако се сруши балкон вчера во скопската населба Даме Груев во Ѓорче Петров. 

Детето кое седело на терасата со своето братче и сестриче на возраст од шест и две години, како и својот татко, се здобило со тешки повреди на мозокот откако терасата без ограда во еден момент се срушила, пренесе Слободен Печат. 

Тригодишно дете е во критичина здравствена состојба, поради сериозни повреди на мозокот. Тоа е на болничко лекување во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ.

– Детето има сериозни оштетувања на мозокот, се бориме да преживее,  велат од КАРИЛ за Слободен печат.

Полицијата работи на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2019 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега