Изгубил контрола на коловозот - Скопјанец тешко повреден

Велосипедист од Скопје е тешко повреден и итно пренесен на Клиника откако изгубил контрола и паднал на коловозот.

МВР информира дека во 13.10 часот на крстосница од улиците „Никола Карев“ и „Симеон Кавракиров“ во Скопје, 35-годишниот С.С. од Скопје, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.10.2019 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега