Македонската полиција запре Мерцедес - Возачот веднаш приведен

 

Турчин е задржан во полиција во Гевгелија откако го фатиле со мигранти во возилото.

Регионалниот центар за гранични работи поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ј.М.С. од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 417 од Кривичниот законик.

Во 02.40 часот во близина на наплатната рампа кај селото Смоквица, полициски службеници го запреле патничкото возило „мерцедес“, со германски национални ознаки, што го управувал пријавениот. При преглед во возилото биле пронајдени две лица без документи, а според нивните наводи станува збор за А.Х.(25) и В.Н.(25), двајцата од Авганистан. 

Пријавениот и мигрантите биле приведени и задржани во Полициската станица Гевгелија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.10.2019 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега