Вонредна временска прогноза - циклонот Луцијан предизвика промена на времето

Под влијание на невообичаено топла воздушна и стабилна воздушна маса од југ ќе бидеме под влијание уште утре, додека веќе во среда се очекува постепено зголемување на облачноста, а ќе започне да дува и северен ветер кој повремено на повеќе места ќе засилува на интензитетм информира метеорологот Славчо Попоски.

Голема промена на времето и тоа под влијание на циклонот Луцијан ќе имаме веќе од четврток и тоа проследено со зголемена облачност, пад на температурите шест до десет степени и на повеќе места повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат нешто поинтензивни, па токму поради тоа на самиот крај од овој месец и на почетокот на ноември како што веќе најавивме ќе дојде до ублажување на долготрајната суша која ја зафати нашата држава, но и регионот.

Поради заладувањето и значителниот пад на температурите на воздухот на повисоките планински места низ државава ќе има услови за повремени врнежи од снег, но и услови за формирање на бела покривка.

ВПоради значителната и релативно брза промена на времето понатаму биометеоролошките услови кај нас ќе бидат неповолни, па така повеќето граѓани ќе почувствуваат мачнини и здравствени проблеми. Особено кај метеопатите можна е појава на главоболка, болка во коските и на местата од старите рани како и повремена нервоза, но и тежина во глабата и телото. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега