Новакоски: ДИК целосно да се професионализира, политичките претставници да се без право на глас

Треба да се посвети внимание на избирачкиот список за секој да може да го оствари правото на глас, смета Александар Новакоски, поранешен претседател на ДИК во интервју за Гласот на Америка.

Државната изборна комисија да ја водат исклучиво професионалци, а претставниците од политичките партии да немаат право на глас во рамките на Комисијата. Ова во интервју за Гласот на Америка го вели Александар Новакоски, поранешен претседател на ДИК.

-Јас сум за целосна професионализација на ДИК, бидејќи како што доаѓа времето мислам дека тоа ќе биде клучно. Администрацијата веќе треба да е професионална. Таму имаме државни службеници кои се професионално и кои не смеат партиски да се активни. И состав на ДИК, мојата идеја овде е да има претседател кој ќе биде професионално и може да бидат уште четири членови кои ќе бидат таму професионално, додека политичките партии може само да именуваат свои претставници во работата, но да немаат право на глас - вели Новакоски.

Тој воедно додава дека во однос на избирачкиот список треба да се посвети внимание за секој да може да го оствари правото на глас.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега