Пендаровски: Нам ни треба Европа заради вредностите, а не само заради пазарот

Нам ни треба Европа заради вредностите, а не само заради пазарот. Нам ни требаат принципи по кои успешно се уредува едно општество, да ги усвоиме како наши, за да просперирам - кажа во интервју за „Ал Џезира Балканс“ претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, коешто се емитуваше вечерва.

Меѓу другото тој истакна дека Северна Македонија не може да просперира со какви било други алтернативни форми на партнерство, освен во сојуз со ЕУ. Тој притоа потенцира дека во тој процес не смее да биде изоставена ниту една земја од Западен Балкан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега