Што по одложувањето на преговорите со ЕУ – тематска седница на Комисијата за европски прашања

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе одржи тематска седница посветена на евроинтегративните процеси во Република Северна Македонија по последниот Самит на Европскиот совет на кој беше одложена одлуката за почеток на преговорите за пристапување на земјава во ЕУ.

Се очекува обраќања да имаат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

На седницата се поканети сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2019 - 07:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега