Пратениците на ВМРО- ДПМНЕ ја напуштија денешната седница:„ Ние нема да учествуваме во оваа пародија“

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната седница на Комисијата за европски прашања на која се дискутира за недобивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ по блокадата на Франција, пренесува „СДК.мк“.

 

Пратеникот Антонијо Милошоски на говорницата излезе со фотографија од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, велејќи тоа е сликата кога лани двајцата го излажале народот дека земјава добила датум за почеток на преговори. Милошoски кажа дека досега барале за неуспехот да се разговара на Комисијата за надворешни работи, а не на ваква, како што кажа, владина забава.


„Османи и Димитров лани по пат го загубија датумот. Денеска наместо оставка ќе ви понудат манипулативни изјави. Ние нема да учествуваме во оваа пародија. Утре имаме Комисија за надворешна политика и таму е местото за дискусија за овој неуспех на Владата. Ви посакувам пријатна забава денеска“, рече Милошоски.

 

На седницата на Комисијата за европски прашања покрај пратеници, присуствуваат и претставници на амбасадите и делегациитe во земјава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2019 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега