Пад на температурите, дожд и и силен ветер - метеоролозите со детална прогноза за времето во Македонија

До крајот на денов ќе се задржи и понатаму стабилно, суво и сончево време иако ќе има мала до умерена локална облачност. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 што значи и понатаму истата ќе биде над повеќе годишниот просек, односно ќе биде потопло од вообичаеното.

Веќе во текот на утрешниот ден облачноста постепено ќе се зголемува а ќе започне да дува и северен ветер кој повремено на некои места ќе засилува на интензите и тоа особено на север и тоа во четврток, информира метеорологот Славчо Попоски. Од четврток ќе има и повремени врнежи од дожд претежно од локален карактер и истите локално ќе бидат поинтензивни и во источните и југоисточните предели локално се очекува да наврнат над 15 л/м2 воден талог а во јужните локално околу 10 л/м2 воден талог.

Поради падот на температурите на воздухот и продорот на постуден воздух од север на високите планини ќе има услови и за локално провејување на снег.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2019 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега