Димитров: Ако сме надвор од ЕУ, не може целосно да се комплетира Договорот од Преспа

 

Преспанскиот договор не може да се комплетира целосно ако ние сме вон пристапниот процес кон Европската Унија, рече денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров на седницата на собраниската Комисија за европски прашања, на која се дебатираше за одлуката на Европскиот совет да не и додели на земјава датум за преговори за членство во ЕУ.

– Во Преспанскиот договор целосната имплементација на нашите обврски е врзана со пристапниот процес во Европската Унија. Во однос на веќе постоечките внатрешни документи и материјали, нашите обврски почнуваат и завршуваат во рок од пет години од отворање на поглавјата, подвлече Димитров.

Истакна дека членството во НАТО е извесно, но како што рече, тоа не значи дека треба да потценуваме реализација на едно од најважните две стратешки цели. – НАТО носи безбедност, предвидливост и инвестиции, рече Димитров.

– Изгубивме цела генерација, но не смееме да паднеме во истата замка сега. Од наративот на жртва треба да го избереме наративот на победник. Тешко е, ама ќе пронајдеме дупка и ќе излеземе и ќе продолжиме да одиме напред. Со тоа ќе и помогнеме и на Европа и сами ќе си помогнеме, и на нашите соседи во регионот. Ќе завршам со цитат од Черчил: „Никогаш, никогаш, никогаш немојте да дигнете раце, заклучи Димитров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2019 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега