Претседателот на судот во Штип забрани на портпаролот да дава изјави за Спасов

Молк во штипскиот суд кој дозволи осудениот Игор Спасов да го напушти затворот и да користи боледување од една година и два месеца, пишува Сител.

Портпаролот на судот, Јулијана Неткова, за Сител рече дека денеска новоизбраниот претседател на судот во Штип, Ѓорѓи Андонов, забранил да се даваат изјави за случајот.

Институциите си ја префрлаат одговорноста за бегството на Спасов. Од затворот Идризово велат дека штом некој од затворениците ја напушти установата со медицинска документација дозволена од надлежен суд, тој е слободен граѓанин. Од управата за извршување санцкии објаснуваат дека тие не одлучуваат кому ќе биде прекината затворската казна. 

Од вчера распишана е меѓународна потерница по бегалецот, информира МВР.

-Спасов Игор, од т.Слободанчо м.Аница, роден 22.12.1978 година во Штип каде и живее, се бара со наредба ПК бр.6/18 издадена од Основен суд Штип за сторени кривични дела по чл.123 и чл.386 од КЗ на РСМ за доиздржување на казна затвор од 7 години  и 3 месеци, пишува на сајтот на МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2019 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега