Мицкоски ќе се обрати по изјавите на Рускоска дека „мафтал со документи за Рекет"

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во 13:00 часот пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, ќе даде изјава за медиумите.

Изјавата ќе биде во врска со последните информации изнесени од обвинителката Вилма Русковска.

За потсетување, таа во интервју на ТВ 24 рече дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако мафтал со документи за Рекет, му се јавила на телефон.

- Пред да мафта со тие работи, го побарав на телефон затоа што имаше изјавено дека никој не го викнал во ОЈО а он знаел и за други случаи. Го прашав за кои случаи има сознанија, рече дека он тоа не го кажал тоа. Го прашав дали има сознанија за други луѓе од кои биле барани пари, рече ќе размисли. Без презафатена со други работи. Јас сум сигурна дека нема да сака да помогне, но не ја исклучувам можноста да биде повикан, рече Русковска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2019 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега