Заев: Ни на памет не ни паѓа членство во Евроазиската економска унија

До Владата не стигнала никаква покана за членство на Северна Македонија во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Скопје.

– Веројатно има некоја одбранбена мембрана, ѕид околу Владата, па тешко да стигне таква покана. Затоа што ни на памет не ни паѓа таква работа. Не, нема таква покана и се надевам дека нема ни да стигне, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање дали по не добивањето датум за старт на прегооврите за членство со ЕУ, земјава добила покана за пристапување кон ЕАЕУ. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2019 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега