Мицкоски: Русковска уште еднаш ја потврди тесната врска со власта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска со изјава за вчерашната изјава на обивнителката Вилма Рускоска дека не ја исклучува можноста да биде повикан во Обвинителството, зошто како што рече, „мафтал со документи за Рекет.

      -    Сега ми е јасно зошто Зоран Заев толку многу се препелкаше и се обидуваше практично да најде веднаш замена за Катица Јанева. И тоа да биде Вилма Русковска.   Зошто ова го велам? Вчера госпоѓата Русковска на емисијата во обид да ја одбрани власта, во обид да скандализира нешто каде што нема простор за скандализирање, изнесе груба невистина. Но каква е вистината? Јас би сакал секогаш да зборувам со факти, со принципи и со аргументи.   На 26-ти јули госпоѓата Вилма Русковска ми испрати смс порака во која што замоли да се слушнеме. Јас откако ја добив смс пораката и се јавив. Ме замоли да се видиме. Јас ја поканив во седиштето да дојде. Она рече не е пристојно да дојдам во седиштето. Добро викам, каде на кое друго место и што би била темата. Она ми одговори дека темата би била уште еднаш да разговараме околу актуелната ситуација, но и моја изјава во врска со уцената која што специјалната обвинителка Катица Јанева ја испорача на еден наш состанок за кој што јас претходно ја информирав јавноста. Она ми рече дека тој ден не е во можност и предложи некој друг термин. Јас и реков во деновите кои што следат, јас не можам поради густиот распоред. Потоа она рече јас ќе одам на годишен одмор и се договоривме да по завршувањето на годишниот одмор да се слушнеме и да го одржиме тој состанок. На 15-ти август кога се вратив од годишниот одмор, испратив смс порака и реков дека сум во Скопје и дека стојам на располагање. На што добив повторно одговор преку смс порака дека ќе ме побара.   На 11-ти септември беше прес конференцијата која што госпоѓата Русковска вчера ја споменуваше, каде што јас зборував за документите кои што свиркач ги достави до ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.

    Додава дека е вчудоневиден, разочаран поради навистина лошата состојба во правосудството и тесната врска помеѓу власта, обвинителството и судството.

         - Сите овие искажани невистини, сите овие лаги кои што имаат единствена цел да му слугуваат на Зоран Заев. Се разбира сето ова кое што го кажав денеска, јас го поседувам и во форма на  докази и подготвен сум сето ова да го докажам. Но поради пристојноста визави непристојноста на обвинителката која што вчера приватни разговори јавно ги коментираше на медиум, почувствував дека јавноста треба да биде информирана за вистината.    А, јас секогаш ја говорам вистината и се трудам да се држам до фактите и до аргументите, додава лидерот на опозицијата.

За потсетување, Русковска во интервју на ТВ 24 рече дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако мафтал со документи за Рекет, му се јавила на телефон.

- Пред да мафта со тие работи, го побарав на телефон затоа што имаше изјавено дека никој не го викнал во ОЈО а он знаел и за други случаи. Го прашав за кои случаи има сознанија, рече дека он тоа не го кажал тоа. Го прашав дали има сознанија за други луѓе од кои биле барани пари, рече ќе размисли. Без презафатена со други работи. Јас сум сигурна дека нема да сака да помогне, но не ја исклучувам можноста да биде повикан, рече Русковска.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2019 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега