Нема веќе брзо возење со тротинети - Ќе летаат казни до 120 евра

Возењето на електрични тротинети низ улиците ќе се регулира со закон, а за непочитување на прописите предвидени се казни до 120 евра.

Според предлог-измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР предлага електричен тротинет да смеат да возат само лица постари од 14 години. Ако дете под оваа возрасна граница биде фатено со тротинет, се предвидува казна за родителот од 50 евра, а правилата ќе бидат как оза велосипедите, ќе смеат да се возат само по велосипедска лента, а ако нема тогаш по тротоар или пешачка патека. Ќе мора да се движат по десната страна, а во случај да има повеќе лица со тротинети, тогаш тие треба да возат еден позади друг, пренесе Плусинфо.

Ако не се почитуваат овие правила се предвидува казна од 80 евра.

По велосипедската патека максималната дозволена брзина ќе биде 25 километри на час, додека по тротоар и другите патеки предвидени за пешаци тротинетот ќе мора да се вози со брзина од најмногу шест километри на час, а казната за непочитување е 120 евра.

Во предлогот, иако не е предвидена глоба, се наведува и дека возачите на тротинети треба да носат и заштитен шлем на главата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2019 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега