Родителите на кои Боки13 им обезбеди дом останаа без децата

Институциите им го одземаа детето на родителите кои во 2016 година беа усреќени од Боки13 а причината за тоа како што информирале од Центарот за социјални работи во Свети Николе е груба злоупотреба и занемарување на децата од страна на родителите, пренесе Фактор.

Експресна реакција следеше по приказната и видеото кои во јавноста ги пласираше Досие.мк а во кое јасно се гледаше дека татко тепа дете на немилосреден начин на автобуската станица во Штип.

Дека децата привремено им се одземени на родителите потврдуваат и од МТСП.

Инаку, во 2016 Боки 13 кој сега е во затвор за Рекет, обезбеди стан за семејството, а тоа беше пресреќно.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2019 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега