Заев со електричен трамвај од 100 милиони евра ќе се бори со загадувањето

Во Скопје ќе се воведе електричен трамвај на гуми кој ќе чини 100 милиони евра. Ова денеска на седницата за пратенички прашања која се одржува секој последен четврток во месецот, го кажа премиерот Зоран Заев пред пратениците.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев го праша Заев дали и по три години власт сѐ уште мисли дека неговата партија е виновна за проблемот со загадувањето, прашувајќи го до која фаза се гасификацијата каде е новиот современ јавен превоз во Скопје, гасификацијата на болницата во Чаир и студентскиот дом Кузман Јосифовски-Питу.

- „За гасификацијата ништо не беше направено од претходната власт. 83 отсто од предвидените работи за гасификацијата се завршени, сите општините добија налог да направат проекти и модел според кој ќе стигне гасот до граѓаните. Во 2020 година секундарната и терцијарната мрежа ќе почне да се гради во поголемите општини. Со Град Скопје ќе влеземе во воведување електричен трамвај на гуми за што се потребни 100 милиони евра. Ќе подигнеме кредитна линија за да можеме да воведеме еколошки превоз како мерка против загадувањето“, рече Заев во одговорот до Данев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2019 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега