Вонредни најави на метеорлозите: Ветер и обилни врнежи во Македонија

И понатаму во нашата држава ќе има повремени локални послаби врнежи од дожд, пишува метеорологот Славчо Попоски.

Веќе од недела, па натаму, нашата територија ќе подпладне под влијание на јужно и југозападно воздушно струење кое особено кај метеопатите ќе создаде можност за позначителни здравствени проблеми.

Ќе започне да дува и јужен ветер кој полека ќе засилува, а температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на пораст и повторно ќе се искачат до оние вредности кој се над просекот за овој дел од годината.

Како што информира Попоски, поголем бран на врнежи ќе имаме особено во понеделник кога ќе има услови и за локален развој на нестабилност проследена со грмежи. Токму ова ќе биде поради влијание на нов, но поизразен циклон кој ќе го зафати и поголемиот дел од регионот и ќе донесе услови за локално невреме. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2019 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега